ВИДЕО: Шкендија не дозволи ново изненадување, крај на серијата на Работнички

Фудбалерите на Шкендија ја прекинаа победничката серија на Работнички, откако славеа убедлива победа од 3-0 на гостувањето во Скопје во рамки на 26-тата рунда од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

  • Извештај од натпреварот:

Домашниот тим влезе во натпреварот со четири последователни победи, но Шкендија одигра сигурно и ефикасно, не дозволувајќи изненадување. Главна фигура на средбата беше Ендрит Касниќи, кој постигна два гола, еден во првиот и еден во вториот дел, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Фабрис Тамба.

Многу рано поведоа домаќините, откако по ударот на Красниќи во пречката, топката се одби пак до него и од непосредна близина ја втурна во мрежата на дебармаалци (0-1). Во следниот дел од мечот, Работнички остави доста простор, Тамба побегна по десната страна и со удар меѓу нозете на голманот Ондоа зголеми на 0-2. Третиот гол пристигна во вториот дел, откако одбраната на Работнички пак заспа, Вебстер го пронајде Красниќи, овој излезе сам пред Ондоа и пласираше во неговиот лев долен агол (0-3).

Со оваа победа, Шкендија останува во трката за шампионската титула заедно со Вардар, додека Работнички, по прекинатата серија, продолжува да се бори за опстанок во прволигашкото друштво. Шкендија воедно на овој натпревар им се врати на победите, по изненадувачкиот пораз од Пелистер во Тетово и на табелата се израмни со Вардар кој го чека дербито со Пелистер.