Шкендија „на поправен“ во Кратово, може ли Силекс да победи по 14 средби?

Македонскиот фудбалски првак Шкендија по неуспешниот старт на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се соочува со ново гостување и доаѓа во Кратово, кај екипата на Силекс.

Тимот на Ќатип Османи во првото коло загуби од Академија Пандев, а сега гостува кај тимот што играше бараж за опстанок во ПМФЛ и редовно го победува. Традицијата е на страната на Шкендија, затоа што Силекс нема победа на последните 14 меѓусебни меча, а последниот триумф е во 2015 година.

Ќатип Османи ќе го има на располагање целиот тим, а добра вест е што во ростерот ќе биде Арменд Алими, кој го скокна првиот натпревар во Струмица против Академија Пандев

Пoследните натпревари на Силекс и Шкендија: 
08.05.2019 - Шкендија - Силекс 0-0
28.03.2019 - Силекс - Шкендија 0-3
22.11.2018 - Шкендија - Силекс 5-0
23.09.2018 - Силекс - Шкендија 1-2
06.05.2018 - Силекс - Шкендија 1-3

Натпреварот меѓу Шкендија и Силекс се игра од 17:00 часот на Градскиот стадион во Кратово, а главен судија ќе биде Марјан Ецкоски од Охрид.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 1 7 5 1 1 11:3 8 16
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 6 4 2 0 7:1 6 14
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 7 3 2 2 10:7 3 11
4 ШкендијаШкендија 2 7 3 1 3 8:4 4 10
5 РеноваРенова 2 7 3 1 3 6:8 -2 10
6 ШкупиШкупи 2 6 2 2 2 7:7 0 8
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 7 2 2 3 6:10 -4 8
8 РаботничкиРаботнички 1 7 2 1 4 6:10 -4 7
9 СилексСилекс 1 7 2 0 5 8:11 -3 6
10 БорецБорец 7 1 2 4 3:11 -8 5