• Саше Љолес

Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија, објави дека ја прекинува соработката со Стефан Коцев, кој следната сезона нема да биде дел од тетовскиот прволигаш.
Коцев одигра само дванаесет натпревари за Шкендија во текот на две сезони, а од клубот му посакаа многу успех во натамошните предизвици. Беше дел од шампионскиот тим годинава, а ќе продолжи да тренира со екипата сѐ до почетокот на подготовките во Словенија.
Шкендија му се заблагодари на Коцев за професионализмот и максималната посветеност. Претходно, 31-годишниот Коцев настапуваше за Каспиј Актау, Брегалница Штип и Силекс.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.