Шкендија му се заблагодари на Бесарт Ибраими, напаѓачот заминува во Ксанти

Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, Бесарт Ибраими заминува од Шкендија по шест години во Тетово. 

Нова средина на Ибраими ќе биде грчкиот второлигаш Ксанти, во чии редови 34-годишникот ќе ја продолжи кариерата. Шкендија на својата официјална веб страница му се заблагодари на голгетерот за сè што направи за тимот. 

„Најдобриот напаѓач на Шкендија на сите времиња, најдобриот стрелец во тимот, Бесарт Ибраими заминува. Клубот и Бесарт спогодбено го раскинаа договорот. Ти благодариме за сè што направи за клубот, за сите добри моменти и сите придонеси за Шкендија. Ти посакуваме успех во фудбалската кариера“, нашишаа од клубот. 

Во дресот на Шкендија, од 2015 година до сега, Бесарт Ибраими постигна 147 погодоци, со што стана најдобар клупски стрелец. Покрај тоа, тој ја мина границата и во Првата македонска фудбалска лига, надминувајќи го Баже Илијоски уште пред две години на позицијата најдобар стрелец во историјата. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.