Шкендија мора да го поправи впечатокот, Тиквеш брка историја на Исланд

Македонските претставници во Конференциската лига, Тиквеш и Шкендија денес ги играат реванш натпреварите од првото квалификациско коло. 

Во поповолна ситуација се фудбалерите на Тиквеш. Кавадарчани одиграа неверојатен натпревар во Скопје и за Исланд отпатуваа со минимална победа од 3-2 над Брeјдаблик. Момците на Мојсов дуелот на „Тодор Проески“ не го отворија според планираното, во првото полувреме примија два гола, но она што го направија во вторите 45 минути секако дека е за поздрав. Кавадарчани го покажаа вистинското  лица и со три прекрасни гола режираа луд пресврт и имаа големи шанси да обезбедат историско второ коло.

Шкендија, пак, важеше за фаворит во двомечот со Ноах, но на средбата во Ерменија доби „шлаканица“, откако домашниот тим со два гола во финишот се избори за сигурна победа од 2-0.

Тетовчани веруваа дека токму сега ќе успеат конечно да ја минат првата пречка во квалификациите, но по средбата во Ерменија нивната задача стана многу, многу потешка. Сепак, „црвено-црните“ веруваат во своите квалитети и со поддршката од навивачите се надеваат дека ќе направат пресврт и ќе ги продолжат настапите во третото по ранг натпреварување на УЕФА.

Шкендија против Ноах ќе се сретне на „Тодор Проесеки“ од 20:00 часот, додека натпреварот меѓу Брeјдаблик и Тиквеш започнува од 21:15 часот.