• Мартин Танасковски
Екипата на Шкендија продолжи со пријателските натпревари во Словенија и загуби од екипата на Целје.
Натпреварот кој се одигра на подготовките заврши со резултат 0-1 за словенечкиот првак. Единствениот гол падна во вториот дел, во 80. минута кога во мрежата на тетовчани погоди Суховршник.
Генералната проба за Шкендија пред европските предизвици ќе биде на 30 јуни против украинска Зорја Луганск.











