Шкендија ќе се подготвува за ЛШ со Олимпија, Злин, Жилина...

Екипата на Шкендија тргна во летни подготовки, а главниот дел ќе го одработи во Словенија каде ќе ја бруси формата во Крањска Гора, каде ќе игра четири пријателски меча.

Засега, договорени се три контролни средби од вкупно четири. Првиот тест-меч се игра на 19 јуни, а противник ќе биде Олимпија Љубљана, за на 23 јуним, тетовчани да се сретнат со Фастав Злин од Чешка. Третиот тест-меч е на 27 јуни против Жилина, додека четвртиот кој воедно е и последен ќе се игра на 1 јули.

Подготовките во Словенија, за Шкендија ќе бидат од 16 јуни до 2 јули. Истовремено тимот ја чека и ждрепката за Лигата на шампионите, која е закажана на 18 јуни. Шкендија ќе тргне од 1. коло, а мечевите се играат на 9/10 јули.