Шкендија ќе го одмора Бесарт Ибраими за дербито со Вардар

Македонскиот фудбалски првак Шкендија нема да смета на најдобриот фудбалер Бесарт Ибраими на дуелот против Работнички во рамки на Купот на Македонија.

Тренерот Ѓока реши да го одмора напаѓачот, затоа што тетовчани ги чека важен дерби-дуел во ПМФЛ против лидерот на табелата Вардар. Покрај Ибраими, на Куп-дуелот нема да настапи и Меџит Незири кој исто така е ослободен.

Натпреварот меѓу Шкендија и Работнички кој е во рамки на четвртфиналето од Купот се игра в среда од 13:00 часот во Тетово, додека реваншот е закажан во Скопје наредната година.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15