ВИДЕО: Шкендија ја „преслуша“ Ворскла за крај на подготовките во Словенија

Екипата на Шкендија забележа сигурна победа и на крајот на подготовките славеше над украинскиот прволигаш Ворскла, кого го доби со 1-3 (0-1).

Тетовчани одиграа доминантен дуел и со три гола во мрежата на противникот го завршија мечот. Изаир Емини го отвори натпреварот во 39. минута, додека преку Хабелок, Воскла во 57. минута изедначи на 1-1.

Наредните два гола ги дадоа Мурати и Зејнулаи, во 64. и 68. минута.