ВИДЕО: Шкендија ја преслуша Беласица, веќе следниот викенд може да слави титула

Полесно од очекуваното Шкендија ја совлада Беласица среде Струмица со 0-3 (0-2) и се наоѓа на само три бодa до освојување на титулата во Првата фудбалска. На пет кола до крајот на шампионатот, дистанцата меѓу лидерот и второпласираниот Шкупи е тринаесет бода и многу веројатно следниот викенд ќе биде прославена титулата за тетовчани. 

Од самиот почеток на стадионот „Благој Истатов“ постоеше само една екипа и прашање на време беше кога одбраната на последнопласираната екипа на табелата ќе капитулира. По грубата грешка на домашната екипа Рубин Хабај пресече една топка и го матира домашниот голман Вулиќ за 0-1.

На средина од првиот дел домашната клупа беше приморана да менува и наместо Стојков во игра влезе Сулев. Потврдата на подобрата игра на Шкендија стигна во финишот на првиот дел, кога по еден домашен корнер, тргна молскавичната контра, а Ваљмир Нафиу погоди за 0-2.

Вториот дел беше формалност, домашната екипа се предаде, а Шкендија и со послаб интензитет доминираше. Играчот на натпреварот, Хабај во 52. минута со мајсторски удар со надворешниот дел на копачката зголеми на 0-3. 

Најпред Рамадани, а потоа и Дита влезе во игра и Ѓока го освежи тимот во вториот дел. Се редеа шансите пред голот на Вулиќ, но откако не се менуваше резултатот до 80. минута, финишот донесе приспивен натпревар и потврда на убедливата домашна победа. 

Ако следниот викенд Шкенедија го совлада Борец, ќе ја врати титулата во Тетово по двегодишна пауза.