Шкендија ја освежи дефанзивата со Алити и Мерџани, а остана без Иљази

Тетовска Шкендија постигна нови договори со двајцата дефанзивци Арлинд Алити и Зија Мерџани и ја освежи дефанзивната линија во тимот.

Десниот бек Алити беше на позајмица во Струга Трим Љум, но се враќа во Тетово. Според новиот договор, тој во Шкендија ќе остане до 2022 година. Мерџани, пак, кој има 24 години, се согласи да ја продолжи соработката со екипата на една година.

На спротивната страна, повеќе дел од Шкендија не е младиот голман Артан Иљази. 21-годишникот не ја продолжи соработката со тетовчани и ќе бара нова средина.

Претходно, Шкендија потпиша професионален договор со Дашмир Елези, ги задржа Мурати и Нафиу, го донесе Егзон Бејтулаи, а раскина со Чешмеџиев, Фазли, Далку, Радески и Агим Ибраими.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.