Шкендија и Вардар скокнаа на листата на најдобри светски клубови!

Шкендија и Вардар се двата клуба кои се наоѓаат на листата на најдобри 500 клуба во светот на Меѓународната федерација за фудбалска историја (ИФФХС), а двата тима забележаа скок на најновото рангирање.

Тетовчани во моментов се наоѓаат на 218 место во светот. Претходно, беа на 240 место во светот. Шкендија е во друштво на Лозана од Швајцарија, Торино од Италија, Раков од Полска, Волфсбург од Германија...

Вардар во моментов се наоѓа на 415 место на листата, а претходно беше на 448 позиција. Црвено-црните од Скопје се близу до Цволе од Холандија, Розенборг од Норвешка, Хартберг од Австрија...

Најдобар клуб во светот останува ПСЖ од Франција, додека второпласиран е Реал Мадрид од Шпанија. Промена има на третото место каде сега е Челзи од Англија, претходно тие беа четврти, додека четвртопласиран е Интер од Италија кој падна за една позиција.

Најдобрата десетка ја комплетираат Баерн Минхен (Германија), Барселона (Шпанија), Дортмунд (Германија), Палмеирас (Бразил), Арсенал (Англија) и Фламенго (Бразил). Целосната листа можете да ја погледнете на СЛЕДНИОТ ЛИНК.