Шкендија и Силекс ги дознаа можните ривали во Конференциската лига

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги скрати можните противници и за македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига –  Шкендија и Силекс. Тетовска Шкендија ќе има избор од неколку потенцијални ривали, а меѓу нив се Европа, Малишева, УНА Штрасен, Пенибонт, Рунавик и Номе Каљу. 

Од друга страна, Силекс го очекува значително потежок предизвик, со оглед на тоа што можни противници се Астана, Пјуник, Динамо Минск, Дила Гори и Ескалдес. Особено се издвојуваат Астана и Динамо Минск како екипи со големо европско искуство.

Ждрепката ќе даде конечен одговор за тоа против кого ќе стартуваат македонските претставници во новата европска сезона, во која целта ќе биде што подолг престој на меѓународната сцена. 

Ждрепката за првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига ќе се одржи од 18:00 часот во Нион, Швајцарија.