Шкендија и Гури спогодбено ја раскинаа соработката

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија и Синдрит Гури постигнаа меѓусебен договор за прекин на соработката.

Оваа информација ја потврдија од тетовски клуб, кој јавно изрази благодарност до Гири за неговата  посветеност во „црвено-црниот“ дрес и му посака успех во иднина. Благодарност испрати и напаѓачот.

„Им благодарам на Шкендија, на навивачите, соиграчите, тренерите и сите вработени во клубот за безрезервната поддршка што ми ја даваа за време на мојот престој во Тетово. Многу сум горд што имав можност да дадам сè од себе за црвено-црниот дрес. На Шкендија ѝ посакувам голем успех на нејзиниот пат“, рече Гури.

Гури во Шкендија се пресели во септември минатата година и беше еден од главните играчи во офанзивата, постигнувајќи решавачки голови како во првенството, така и на натпреварите во европските натпреварувања.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.