• Иван Димовски
Македонскиот фудбалски првак Шкендија не разочарува во првата сезона во Европа. Во дебито во Конференциската лига на УЕФА, тимот од Тетово има четири освоени бода по три кола, а во рамки на четвртата рунда гостува кај косовскиот првак Дрита во дуел за бодови од голема важност.
И двете екипи се наоѓаат во одлична позиција пред нивното соочување. Шкендија може да жали затоа што не е во подобра позиција од Дрита – црвено-црните на дуелот со Јагјелонија примија гол во 100. минута во Скопје и освоија само бод со полскиот тим, па така во ова соочување влегува со четири освоени бода. Дрита, пак, предводена од македонскиот тренер Зекрија Рамадани, нема неуспех по три кола и на своето конто има пет бода. Тимот досега победи со ирски Шелбурн, а ремизира со Омонија од Кипар и Купс од Финска.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Дрита - Шкендија
Шкендија беше во ритам и за време на репрезентативната пауза, одигра два натпревари. Тимот на Јетон Беќири влегува во овој дуел без одмор, затоа што играше одложени дуели со Шкупи во лигата и Тиквеш во Купот на Македонија. Загриженост кај стратегот будат повредите со кои се здобија двајца првотимци пред оваа средба, тоа се Фабрис Тамба и Клисман Цаке, на Куп-дуелот во Тетово.
И двата тима се во идентична положба во шампионатите, се наоѓаат на третото место. Негуваат сличен стил на игра, но заради големата важност на бодовите се очекува претпазлив дуел. Со евентуални три бода на овој меч за било кој од тимовите, нокаут-фазата ќе биде ептен близу. Можеби и осигурана.


