• Иван Димовски


По поразот на Струга Трим Љум на гости кај Слован Братислава (4-2), преостанатите два македонски клуба ги очекуваат европските натпревари. Шкендија гостува кај екипата на Ноах, а Тиквеш ќе го дочека Бреидаблик.
Дебитантски настап во европските купови ќе има Тиквеш. Тимот од Кавадарци го освои Купот на Македонија и со тоа си избори место во првото претколо на Конференциската лига. Ривал на кавадарчани ќе им биде Брејдаблик од Исланд. Првиот натпревар Тиквеш го игра како домаќин во Скопје, на Арената „Тодор Проески“ в четврток во 20:30 часот. Тимот на Ѓорѓи Мојсов е доста изменет, пристигнаа дури девет новајлии и тоа: Милован Петровиќ, Витао, Леонардо Гуера, Георге Араухо, Мартин Стојанов, Михаил Маневски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Давид Манасиевски, Стефан Тасев. Тешко е да се предвиди кој е фаворит на овој натпревар, а предност за Брејдаблик е фактот дека лигата во Исланд е во полн ек. Тиквеш од друга страна забележа одлични резултати во подготовките, мотивот е на највисоко ниво и на европското деби ќе даде максимум за да извлече добар резултат. Поради тоа можно е македонскиот тим да дојде до триумф или реми.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Тиквеш и Брејдаблик
Најискусен тим во Европа од трите претставници без сомнеж е Шкендија. Тетовчани кои зад себе имаат неколку настапи во плеј-офот за европските натпреварувања и оваа сезона сакаат да дотуркаат подалеку од самиот старт. Минатата сезона Шкендија остана должна на своите навивачи бидејќи во првоот коло беше шокантно елиминирана од Хаверфордвест од Велс. Летово тетовчани беа скромни на пазарот, ги доведоа само Адаму Алхасан, Доуда Бамба и Александар Трумчи. Искуството е на страната на Шкендија, а тоа може да биде пресудно во двомечот. Во Ерменија против Ноа се очекува тврд натпревар, но не е исклучено македонскиот тим да дојде до победата
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Ноах и Тиквеш
Натпреварот во Ерменија меѓу Ноах и Шкендија се игра во 18:00 часот, додека новиот термин за мечот меѓу Тиквеш и Брејдаблик е 20:30 во Скопје.