Шкендија го откупи Висар Муслиу од Приштина!

Актуелниот македонски фудбалски првак, екипата на Шкендија, реши да го откупи Висар Муслиу од редовите на Приштина, од каде што беше позајмен во текот на изминатата сезона.

Муслиу како слободен агент од Вардар замина во Приштина, па дојде во Шкендија на шестмесечна позајмица. Управата реши по крајот на сезоната да го откупи договорот и официјално да потпише соработка со македонскиот репрезентативец.

23-годишниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со Шкендија. Муслиу оваа сезона забележа 15 настапи во дресот на тетовчани во првенството и даде два гола. Во Купот, пак, Муслиу даде три гола, од кои два се во финалето.