Шкендија го одбра новиот тренер, Положани официјално претставен во Тетово

Артим Положани официјално e именуван за нов шеф на стручниот штаб на Шкендија, потврди тетовскиот фудбалски клуб. Поранешниот капитен на тимот се враќа во Тетово за да го преземе раководењето со екипата пред почетокот на новата сезона.

Положани тренерската кариера ја започна во 2020 година во Партизани од Тирана, а по долго калење дојде и до клупата на нашиот вицешампион. Пред да дојде во Шкендија, тој работеше како помошник тренер во косовскиот прволигаш Балкани.

Како фудбалер, Положани за Шкендија играше од 2004 до 2006 и од 2012 до 2017 година. Во својата богата играчка кариера Положани настапуваше за екипите на Башкими, Македонија ЃП и Вардар, а работеше и во Албанија, Германија, Хрватска и Русија. За македонската репрезентација Положани запиша четиринаесет настапи.

Официјалното деби во новата средина Положани ќе го има на 25/26 јули во првото коло од новата сезона, во кое Шкендија ќе го пречека Скопје.