• Зоран Мишевски
По вчерашната ждрепка за Лига Европа и Конференциската лига, денес македонскиот претставник Шкендија го дозна „возниот ред“ за фудбалската есен во третото по квалитет европско клупско натпреварување.
Мини-шампинатот Шкендија ќе го почне кај најсилниот од шесте ривали - поранешниот клуб на Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано, а ќе го заврши на теренот кај кипарски АЕК Лимасол.
Распоредот на Шкендија во Конференциската лига:
2 октомври - Рајо Ваљекано – Шкендија (18:45
23 октомври - Шкендија – Шелбурн (18:45)
06 ноември - Шкендија – Јагелонија (21:00)
27 ноември - Дрита – Шкендија (21:00)
11 декември - Шкендија – Слован Братислава (18:45)
18 декември - АЕК Ларнака – Шкендија (21:00)
Тетовчани имаат уште една недела да го засилат играчкиот кадар за овие најмалку шест натпревари.


