• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски првак Шкендија го доби ривалот во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите.
Тетовчани се најдоа меѓу неносителите, а на ждрепката имаа среќа и го извлекоа можеби најлесниот ривал од првиот сад на носителите. Тоа е ТНС од Велс, со кого веќе еднаш имаат играно во еврокуповите.
Тоа беше во 2018 година, кога Шкендија во Скопје ги надигра островјаните и ги совлада со 5-0, што е една од највисоките евро-победи на македонските тимови, додека во Велс, домаќинот изненади и победи со 4-0.
- Квалификации за ЛШ, 1. коло:
Жалгирис (Литванија) - Хамрун (Малта)
Купс (Финска) - Милсами (Молдавија)
ТНС (Велс) - Шкендија (Македонија)
Иберија Тбилиси (Грузија) - Малме (Шведска)
Левадија (Естонија) - РФС (Летонија)
Дрита (Косово) - Диферданж (Луксембург)
Викингур (Ф. Острови) - Линколн (Гибралтар)
Егнатиа (Албанија) - Бреидаблик (Исланд)
Шелбурн (Ирска) - Линфилд (С. Ирска)
ФЦСБ (Романија) - Интер Ескаладес (Андора)
Виртус (Сан Марино) - Зрињски (БиХ)
Олимпија (Словенија) - Каират (Казахстан)
Ноа (Ерменија) - Будуќност (Црна Гора)
Лудогорец (Бугарија) - Динамо Минск (Белорусија)
Првите натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите се закажани на 8 и 9 јули, додека реваншните се на 15 и 16 јули. Првиот меч се игра во Велс, реваншот е во Македонија.