Шкендија го „блиндира“ Зејнулаи до 2023 година

Македонскиот фудбалски првак Шкендија задржа млад играч во своите редови и го обнови договорот со Арбин Зејнулаи.

20-годишниот фудбалер кој настапува во средниот ред реши да остане меѓу тетовчани и стави потпис на долгогодишен договор. Според новиот договор за соработка, Зејнулаи е играч на Шкендија до 2023 година.

Зејнулаи беше важен дел од младинските тимови на Шкендија кои освојуваа титули во У18 и У19 категориите, а зад своето име има 50 настапи во дресот на тетовчани.