Шкендија ги задржа најдобрите, потпиша договори со Ибраими и Алими

Тетовска Шкендија позитивно ги заврши преговорите со двајцата најдобри играчи, затоа што потпиша договори со Бесарт Ибраими и Арменд Алими.

Капитените на „црвено-црните“ остануваат и понатаму во Тетово. Клубот со големо задоволство соопшти дека е постигнат договор за соработка со двајцата фудбалери до 2022 година.

Истовремено, двајцата одбиле понуди од странство за да останат во Тетово. Претходно, клубот ги обнови договорите со Арлинд Алити, Зија Мерџани, Мевљан Мурати и Ваљмир Нафиу, а исто така потпиша и со Егзон Бејтулаи кој се врати во екипата. На спротивната страна, повеќе дел од Шкендија не е младиот голман Иљази, Чешмеџиев, Фазли, Далку, Радески и Агим Ибраими.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.