Шкендија ги пушти во продажба влезниците за првиот меч со Карабах

Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија, ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар против Карабах, кој ќе се одигра во рамки на третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. 

Тетовчани остварија историски успех и имаат загарантирано учество во групите на Конференциската лига, но пред себе имаат нов предизвик кој уште повеќе може да ја збогати клупската историја. 

Првиот меч против Карабах се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје на петти август, а цената на влезните билети изнесува 300 денари. 

Навивачите ќе можат да ги набават своите билети преку продажната мрежа на МкТикетс