• Мартин Танасковски
Билетите за натпреварот помеѓу Шкендија и Јагјелонија (Полска), од третото коло на УЕФА Конференциската лига, се веќе во продажба преку онлајн-платформата MK Tickets. Билетите покрај што ќе се продаваат и онлајн, достапни се и на физички локации.
Тетово:
Doni Tobacco – Центар (Блок 2)
Pika Tobacco – Центар (Блок 2)
Monaco Tobacco – Кружен тек кај поранешната слаткарница „Такси“ (Јужна трибина & ВИП)
ER Tobacco – Автобуска станица (Блок 2 & 5)
Piti Tobacco – Зелен пазар (Блок 5)
Гостивар (од понеделник):
Western Union Lira Gostivar – кај „Барок“ (Блок 5)
Скопје:
Билетара на стадионот „Тодор Проески“, само на денот на натпреварот (06.11.2025)
Клубот соопшти дека при одредувањето на цените се водел според стандардите на УЕФА. Цените на билетите се за Јужна трибина 500 денари (блокови 1 и 6), 600 денари (блокови 2 и 5) и 750 денари (блокови 3 и 4), додека за Северна трибина цената е 500 денари (блок 13), 700 денари (блокови 20, 21 и 23), 800 денари (блок 14) и 2000 денари (ВИП – блок 22).
Натпреварот Шкендија – Јагјелонија ќе се одигра на 6 ноември во рамките на третото коло од групната фаза на Конференциската лига на УЕФА, на Арената „Тодор Проески“ од 21:00 часот.





