Шкендија ги најави „спаринг“ партнерите пред новата сезона во ПМФЛ

Фудбалерите на Шкендија ги одработуваат подготовките за новата сезона во Маврово. Освен настапите во ПМФЛ, пред тетовскиот тим се и квалификациите за Лигата на Европа наесен. 

Во Маврово избраниците на Ернест Ѓока ќе тренираат до недела, кога ќе се вратат во Тетово пред контролните средби кои ќе ги играат до почетокот на август. 

Закажаните тест-дуели на Шкендија: 
Вардар Форино - Шкендија (12 јули, Форино)
Гостивар - Шкендија (16 јули, Гостивар)
Македонија ЃП - Шкендија (19 јули, Маврово)
Шкендија - Работнички (24 јули, Тетово)
Брегалница - Шкендија (1 август, Штип)

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига е планирана да започне на деветти август, а бранител на титулата ќе биде Вардар. Шкендија во прекинатата сезона зарши како третопласирана екипа зад лидерот од Скопје и Силекс, па испушти шанса да игра квалификации за Лигата на шампионите.