Шкендија ги лечи раните во новото натпреварување

Македонскиот фудбалски првак Шкендија беше „топовско месо“ за словенечка Мура и со болен пораз во двомеч се прости од Лигата на шампионите. Сè уште болат вкупно шесте гола во мрежата на „црвено-црните“, меѓутоа нема време за тага, затоа што европското лето продолжува во новото натпреварување на УЕФА.

По елиминацијата од ЛШ, Шкендија се сели во Конференциската лига на УЕФА. Ждрепката посака таа да се судри со Рига од Летонија, тимот кој во минатото го водеше нашиот тренер Гоце Седлоски. Искуството од Лигата на шампионите најавува ново кратко европско лето на тетовчани, меѓутоа Рига ќе биде шанса за враќање во колосек и можност за уште нови два европски натпревари по овој двомеч.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Рига - Шкендија

Рига е шампион на Летонија, а во Конференциската лига доаѓа по елиминација од Лигата на шампионите од страна на шведски Малме. Летонскиот тим не се посрамоти во двомечот затоа што на гости загуби минимално (0-1), додека на домашен терен одигра реми (1-1) и тоа со повеќе шанси за продолженија. Тимот е составен претежно од странски фудбалери, има играчи од Хрватска, Србија, Косово... па сè до Исланд, Бразил, Финска и Нигерија. Најголемата опасност доаѓа од плејмејкерот Фелипе Брисола, како и од крилата Бабајан од Ерменија и Соисало од Финска. Тука е и Куле Мбомбо од ДР Конго, кој се врати од позајмица во Судува.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во КЛ

И двата тима немаат многу време за менување на составите. Очекуваме една иста Шкендија како онаа со Мура, но во далеку подобро издание на теренот. Сепак, вреди да се напомене дека нема да биде лесно да се мине Рига, која игра доста допадлив фудбал и може и тоа како да им нанесе проблеми на тетовчани во обидот да дојдат до третото квалификациско коло во Конференциската лига. На првиот натпревар не очекуваме голови...