Шкендија е близу 6.000.000 евра од Европа, но каде е споредено со другите?

Македонскиот фудбалски првак Шкендија се наоѓа пред историски успех за македонскиот фудбал и пласман во нокаут-рундата на Конференциската лига на УЕФА, а до крајот на групната фаза ја чека уште еден натпревар.

Низ досегашните настапи во евро-куповите, тетовчани инкасираа 5,7 милиони евра. Победите над Шелбурн, Слован Братислава и ремито со Јагјелонија од Полска донесоа 533.000 евра во касата на македонскиот шампион.

Во последното коло, Шкендија игра со АЕК Ларнака од Кипар. Победа носи додатни 400.000 евра, реми, пак, е 133.000 евра, а доколку се обзбеди плеј-оф и позиција меѓу најдобрите 24 на табелата, за што шансите за Шкендија се многу големи, тоа носи сигурни 200.000 евра.

Од тимовите кои учествуваат во Конференциската лига, најмногу пари од УЕФА за настапот досега доби француски Стразбур, кој е близу границата од 10.000.000 евра, а веднаш под него е Шахтјор Доњецк од Украина, со нешто над 9.000.000 евра.

Како изгледа целата табела со клубовите кои добиле пари од УЕФА, а ја изработија статистичарите, погледнете во продолжение...