• Саше Љолес

Шампионот на Македонија, Шкендија, го потврди пристигнувањето на Мевљан Мурати, кој се враќа во Тетово и ќе претставува директна замена за десниот бек, Стефан Коцев.
Мурати ги мина лекарските прегледи и потпиша двегодишен договор со Шкендија, каде повторно се очекува да прикаже солидни настапи.
Минатата сезона ја мина во тимот на Гостивар, а во минатото го носеше дресот на Работнички, Шкендија, Ренова, Шкупи и Партизани од Тирана.
Се работи за искусен 31-годишен дефанзивец, кој воедно потекнува од школата на тетовскиот прволигаш. Мурати е освојувач на три шампионски титули и еден Куп на Македонија.
ФОТО/PHOTO: KF Shkendija
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.