Шкендија донесе нов играч за врска, се засили со Кака

Шкендија продолжи да биде активна во преодниот рок и донесе ново име како играч за врска од Албанија.

Се работи за 25-годишниот Камер Кака, кој доаѓа како слободен агент. Во 2020 година тој играше во Норвешка каде го носеше дресот на Конгсвингер, за кого забележа вкупно осум настапи.

Покрај за норвешкиот тим, Кака во кариерата играше и за Универзитатеа Крајова, Политехника Јаши, Стеауа, Кристијансунд, Сарпсборг, Хонефос, Рауфос и Валеренга. Се работи за фудбалер кој е роден во Пеќ, но како фудбалер се изгради во Норвешка.

Кака е четвртото засилување за Шкендија во овој преоден рок, по ангажманот на Бразилецот Да Силва, Рубин Хебај и голманот Рамани.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.