Шкендија донесе напаѓач од Брегот на слоновата коска

Македонскиот фудбалски претставник на меѓународна сцена ова лето, Шкендија, се пофали со нови име во своите редови. Тетовчани доведоа големо засилување во нападот, затоа што го обезбедија потписот на офанзивецот од Брегот на слоновата коска, Доуда Бамба.

Се работи за 29-годишен напаѓач, кој во македонскиот шампионат доаѓа од Турција, каде минатата сезоана ги бранеше боите на Умранијаспор.

Во својата кариера Бамба претходно ги носеше дресовите на турски Алпај, бугарска ЦСКА Софија, како и Бран, Конгсвингер и Кристиансунд од Норвешка