• Мартин Танасковски

Екипата на Шкендија продолжи да се засилува и донесе ново странско име. Потпиша договор со 26-годишниот крилен играч Вагнер Гончалвес кој доаѓа како слободен.
Гончалвес последен пат беше дел од тимот на Дњипро од Украина, а потоа, од март до јуни оваа година играше како позајмен во Дила Гори во Грузија.
„Среќен сум што потпишав за Шкендија. Од она кое го чув, се работи за квалитетен тим и среќен сум што сум дел од него. Шкендија има квалитет, игра брз фудбал, а тоа ми се допаѓа и ми годи. Јас сум играч кој секогаш дава максимум на терен и верувам во успеси со новите соиграчи“, изјави Бразилецот.
Претходно, Вагнер Гончалвес играше и за Динамо Батуми, Серкл Бриж, Сабрутало Тбилиси и Бастија Б.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.