• Мартин Танасковски

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да го казни клубот ФК Шкендија со парична глоба во износ од 5.000 евра, поради несоодветно однесување на дел од навивачите за време на натпреварот со Силекс, одигран на 28 септември 2025 година.
Причината за такво нешто е што во текот на првото полувреме навивачите на тетовскиот клуб користеле пиротехнички средства, факели и експлозивни материјали, со што привремено било попречено функционирањето на ТВ-преносот и VAR-системот поради густ чад што се создаде на трибините.
Дисциплинската комисија утврдила дека со овие постапки е прекршен член 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, кој предвидува дека клубот се смета за одговорен за однесувањето на своите навивачи, независно од преземените безбедносни мерки.
Шкендија е должна да ја уплати изречената глоба од 5.000 евра на сметката на ФФМ во рок утврден на денот на извршување на одлуката, а истата стапува во сила веднаш по нејзиното усвојување.


