Шкендија денес го добива противникот во нокаут-фазата во КЛ

Тетовска Шкендија испиша историја со пласманот во плеј-офот на Конференциската лига и ќе биде првиот македонски тим кој успеал да ја мине групната фаза во европските натпреварувања на УЕФА. 

Актуелниот првак на Македонија заврши на 22. место на табелата, па ќе игра против 11 или 12 тим на табелата. Тоа значи дека Шкендија вкрстува со Лех Познањ од Полска или Самсунспор од Турција.

Извлекувањето на паровите ќе се одржи на денес во 13:00 часот, а плеј-оф фазата ќе се одигра на 19 и 26 февруари следната година. Она што е сигурно е дека Шкендија ќе биде домаќин на првата средба.

Македонскиот претставник оствари учинок од две победи, едно реми и три порази во дебитантскиот настап во најновото континентално натпреварување на УЕФА.