ВИДЕО: Шкендија броеше до девет, следна Куп-рунда и за Тиквеш и Шкупи!

Прволигашите Шкендија, Тиквеш и Шкупи се патници во следната фаза од Купот на Македонија, тоа е осминафиналето, откако успешно ги решија своите противници.

Шкендија како номинален домаќин беше силна со третолигашот Јени Маале, кој на теренот во Тетово го совлада со убедливи 9-0 (4-0). Во само осум минути игра, новото засилување Атхе Мазари постигна хет-трик за Шкендија.

Голеадата ја почна во 5. минута, а ја продолжи во 8. и 13. минута. На неговите голови се надоврзаа и Флорент Рамадани и Назиф Цека од пенал, за 5-0 за фаворитот на паузата. Во вториот дел стрелаа и Фитон Адеми, Ендрит Красниќи кој беше двоен стрелец и Лиридон Латифи, за 9-0.

Шкупи, пак, во Гевгелија со 2-0 (1-0) го совлада второлигашот Кожуф. Стрелци беа Сухељ Муарем и Џихал Адили. Во Автокоманда, пак, Тиквеш со голот на Иван Ивановски во 47. минута беше подобар од засилениот Скопје со минимални 1-0 (0-0).