Шкендија Арачиново стана дел од македонската фудбалска историја

Екипата на Шкендија Арачиново го приреди најголемото изненадување и со победа над Работнички (2-0) обезбеди во следната фаза во Купот на Македонија. И тоа немаше да биде изененадување, ако арачиновци не беа третолигаши.

Ретко кога се случуваше низ историјата тим од овој ранг да исфрла тим од елитата. Вистински раритет, па затоа Шкендија си заработи место во историјата на македонскиот фудбал со победата над „романтичарите“.

Имено, Шкендија Арачиново стана четвртиот тим од Третата лига кој успеал да направи ваков голем подвиг. Откако Купот се игра во овој формат, односно од 2000 година со нокаут-фаза од прва рунда до финале, само трипати третолигаш исфрлил прволигаш.

Првпат тоа му успеа на Караорман, кој во 2001 година преку Месна Индустрија, Борец и Караорман го направи досега најголемиот подвиг и дојде до полуфиналето каде испадна од Пелистер. Потоа, Гостивар, кој како третолигаш во првата рунда од Купот на Македонија во сезоната 2006/07 го победи Напредок од Кичево (2-1), а третиот подвиг го направи Победа Јуниор како третолигаш, во дуелот со прволигашот Металург во сезоната 2014/15 (3-2).

Низ историјата, третолигаши минуваа и во името на Јанг Тим против Победа (сезона 2023/24), Фортуна против Борец (сезона 2022/23), Башкими против Тиквеш (сезона 2012/13)...

ФОТО: Илхан Османи/Шкендија Арачиново