Шкендија Арачиново со две имиња го затвори преодниот рок

Македонскиот прволигаш Шкендија Арачиново официјално ги претстави Ринор Ајдини и Нијаз Јусуфи како последни засилувања во пресрет на новата сезона.

Со ангажманот на двајцата фудбалери, клубот истакна играчкиот кадар е комплетиран и подготвен за предизвиците што претстојат во текот на сезоната. Во клубот веруваат дека е создадена екипа со карактер, амбиција и желба за докажување на секој натпревар.

Со завршувањето на преодниот рок, фокусот сега целосно се префрла на настапите на теренот, каде тимот ќе се обиде да ги оправда очекувањата и да ги оствари поставените цели за оваа сезона.

Шкендија Арачиново има десет освоени бода во дебитантската сезона во ПМФЛ.