• Горан Упале

Македонскиот второлигаш Шкендија Арачиново претстави уште едно ново име по завршувањето на есенскиот дел од шампионатот.
Тимот кој што не ги крие високите амбиции и најави атак на Прва лига ќе биде посилен со услугите на Антонио Столевски.
Голманот Столевски доаѓа од редовите на Слога Виница и се очекува да донесе стабилност, искуство и зголемена конкуренција во голманскиот оддел на тимот.
Тимот од Арачиново ја заврши есенската полусезона на втората позиција во ВМФЛ, веднаш зад екипата на ГФК Охрид.
