Шкендија Арачиново промовира прволигашко засилување!

Шкендија Арачиново го засили ростерот во борбата за пласман во Првата македонска фудбалска лига. 

За таа цел, тимот од Скопје промовира засилување со големо прволигашко искуство, а станува збор за Ален Јашаровски. Напаѓачот доаѓа во редовите на Шкендија Арачиново откако во првата полусезона немаше клуб, а претходната ја мина во Силекс. 

Во својата кариера Јашароски има богато искуство во многу македонски клубови. Тој тргна преку Металург, па играше за Скопје, Хоризонт Турново, Еуромилк Горно Лисиче, Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Шкупи, Ренова, Скопје и Воска Спорт. Исто така имаше и една авантура во косовска Приштина.

Арачиновци со него добија искусно име во нападот кое може да биде од помош во клучните борби за пласман во македонската елита.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.