Шкендија Арачиново најави „инвазија“ на Тетово за мечот со Тетекс

Шкендија Арачиново во рамките на осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе му гостува на Тетекс во Тетово. 

Клубот преку социјалните мрежи ги информира своите навивачи и јавноста дека добиле дозвола од домаќинот за присуство на гостински фанови. Тие објавија информации околу натпреварот, а нагласија дека се очекува да имаат околу 400 поддржувачи во Тетово. 

Оваа сезона Шкендија Арачиново иако е новајлија во ВМФЛ е во налет и целта е влез во елитата на мак-фудбалот. Поради тоа еуфоријата меѓу навивачите е голема и тимот секогаш ја има нивната поддршка.

Средбата меѓу Тетекс и Шкендија Арачиново ќе се одигра в сабота од 15:00 часот.