• Саше Љолес

Македонскиот фудбалски второлигаш, Шкендија Арачиново, ги започна подготовките за новата сезона во која единствена цел на клубот ќе биде пласманот во најдоброто македонско друштво - Првата лига.
Тимот стартуваше со јасна визија и цел, а играчите веќе ги одработија првите тренинзи и се подготвуваат за шесте контролни натпревари во текот на летото.
Досега се потврдени три противници - Беласица, Каменица Саса и Скопје, а останатите три ривали ќе бидат објавени дополнително.
