Шкендија Арачиново експресно ја договори замената за Марковски

По заминувањето на досегашниот тренер Љупчо Марковски, раководството на Шкендија Арачиново експресно пронајде ново решение на клупата. Нов стратег на тимот кој се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига е Берат Имери.

Клубот од Арачиново се реши за брза реакција по разделбата со популарниот Калц и довербата му ја даде на Имери, кој треба да донесе нова енергија и стабилност во тимот во продолжението од сезоната.

Имери важи за добро познато име во македонскиот фудбал, со искуство и како фудбалер и како тренер, а раководството на Шкендија Арачиново верува дека токму тој е вистинскиот избор за да ја води екипата во борбата за пласман во елитата.

Последен ангажман на Имери е на клупата на Беса 1976, а претходно беше на чело на Воска Спорт