Шкендија Арачиново донесе квалитетно засилување од Струга Трим Лум!

Управата на Шкендија од Арачиново се пофали со ново звучно засилување. Во тимот пристигна левиот бек Хадис Таири, кој доаѓа од редовите на Струга Трим Лум. 

Се работи за играч со искуство и високи натпреварувачки стандарди, кој со себе носи тактичка дисциплина, сигурност во дефанзивата и постојан придонес на левата крилна позиција. 

Со ова засилување, Шкендија јасно ги искажува своите аспирации за највисок пласман и евентуален влез во Првата македонска лига. Арачиновци ја завршија есенската полусезона на втората позиција во ВФМЛ, веднаш за лидерот Охрид. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.