• Мартин Танасковски

Екипата на Шкендија Арачиново за првпат игра во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но домашните мечеви се одржуваат надвор од општината.
Градоначалникот Даут Беќири објави дека токму заради тоа, од денес отпочнато е со изградба на нов стадион на кој Шкендија Арачиново ќе ги игра домашните натпревари.
Поставен е камен-темелник на спортски центар, во кој ќе работат првиот тим и ќе тренираат најмладите од општината.
