Шкендија ако го мине ТНС, се наѕира дуел со романскиот гигант во ЛШ

Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а ако ја мине првата пречка, го доби следниот ривал во елитното друштво.

Тетовчани ќе играат со ТНС од Велс во првата рунда. Ждрепката во УЕФА одлучи дека ако ја минат првата рунда, во втората ќе вкрстат со подобриот од двомечот меѓу ФЦСБ од Романија и Интер Ескаладес од Андора. Првиот меч ќе се игра во Скопје, вториот е на гости.

Второто коло од Лигата на шампионите ќе се игра на 22/23 јули и 29/30 јули. Доколку Шкендија испадне во 1. рунда на ЛШ, тогаш патува во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.