ВИДЕО: Шишковски влечеше, направи пенал и доби црвен картон за Докса

Резервниот репрезентативен голман на македоската репрезентација, Дамјан Шишковски во рамките на 16. коло од Кипарското првенство ја остави својата Докса на цедило, откако доби црвен картон во ремито против Никозија од 1-1. 

Чуварот на мрежата при водство од 1-0 на својот тим направи глупост и со раце го влечеше со што го сопре противничкиот напаѓач и направи пенал. По проверка на ВАР снимката, главниот арбитар ја потврди одлуката, досуди пенал и му даде директен црвен картон на Шишковски. 

  • Пеналот кој го направи Шишковски:

Иако во првиот обид Сали не успеа да го совлада нововлезениот Константину, поради прерано напуштање на гол линијата пеналот се пренови, а вториот обид на Камерунецот беше доволен за гостински бод. 

Покрај Шишковски, на теренот за Докса се најде и Душко Трајчевски кој го одигра целиот натпревар и заработи жолт картон.