ВИДЕО: Шишковски со феноменална двојна одбрана во триумфот на Докса

Дамјан Шишковски игра во одлична форма. По деби-настапите за репрезентација и одличните одбрани, следеше добра партија и за Докса, во победата кај Олимпијакос Никозија (1-2).

„Единицата“ се најде меѓу стативите во стартниот тим, а исто така играше и Душко Трајчевски. Во 14. минута од натпреварот, Олимпијакос имаше супер-шанса за гол, ама Шишковски изведе двојна одбрана.

  • Двојната одбрана на Шишковски:

Душко Трајчевски не го заврши овој натпревар, затоа што поцрвене во 51. минута. Головите за Докса беа дело на Карлитос и Садик. По три кола Докса има две победи и едно реми.