Шишковски се врати во Работнички и потпиша едногодишен договор

Дамјан Шишковски Работнички

Голманот Дамјан Шишковски официјално беше претставен како нов играч на Работнички.

Тој замина во Лахти минатата година, а сега се врати во редовите на дебармаалци и стави потпис на едногодишна соработка.

Чуварот на мрежата веднаш му се стави на располагање на новиот тренер Александар Влахо.

Тимот утрово замина на подготовки во Банско каде ќе одигра четири пријателски средби против израелските екипи Хапоел Нир Рамат Хашарон (21 јули) и Хапоел Рамат Ган (24 јули), бугарскиот тим Септември (26 јули) и Алтин Асир (27 јули) од Туркменистан.