• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски ќе има нов ангажман по раскинот со ерменски Арарат и кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина.
За 28-годишникот оваа земја беше четврта дестинација, откако досега работеше во Белгија, Финска и на Кипар. Со Арарат македонскиот репрезентативец парафира соработка на година и половина, односно до летото 2025, но двете страни спогодбено се разделија.
Шишковски претходно беше член на Докса од јули 2020 година, редовно бранеше и запиша 120 настапи за кипарскиот клуб. Со Арарат, сезоната ја заврши со титула во Купот на Ерменија. Следна дестинација ќе му биде БиХ каде ќе потпише за Борац Бања Лука.
Голманот е дете на Работнички, од каде во 2015 година замина на позајмица во белгиски Гент. Откако не се наметна се врати во Скопје, па три години подоцна се пресели во Финска и бранеше за Лахти и РоПС. Потоа пак се врати меѓу „романтичарите“, се задржа една сезона и оттогаш бранеше на Кипар.