Шишковски останува меѓу стативите на Докса до 2024 година

Македонскиот голман Дамјан Шишковски ја продолжи верноста со кипарска Докса и ќе остане дел од тимот и во наредните три сезони.

Шишковски имаше договор со клубот на уште една година, меѓутоа, поради добрите партии доби нова соработка и тој ќе остане дел од Докса до 2024 година. Тимот го обезбеди посакуваниот опстанок, а партиите на македонската „единица“ беа на нивото.

Во редовите на Докса има уште еден македонски фудбалер, Душко Трајчевски, кој исто така останува да го носи дресот на кипарскиот прволигаш и понатаму.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.