ВИДЕО: Шишковски направи пенал и поцрвене во лудиот пораз на Докса

Македонскиот голман Дамјан Шишковски нема по добро да го памети третото коло од кипарската Прва лига, затоа што доби црвен и неговиот тим Докса доживеа пораз.

Докса на гостински терен загуби од Омонија (1-2) со два гола примени во самиот финиш. При првиот гол на Омонија, во 93. минута, Дамјан Шишковски направи прекршок за пенал и доби црвен картон.

  • Црвениот картон на Шишковски:

Казната во гол ја претвори Дурис, а неколку минути подоцна Лесјакс погоди за целосен пресврт и големи три бода за Омонија на отворањето на сезоната во кипарскиот шампионат.

Поради фактот дека Шишковски доби втор жолт картон, тоа значи суспензија од еден натпревар за македонскиот репрезентативен голман.